„Црвено-бело“ шоу во Белград: Црвена ѕвезда ја „растури“ Болоња!

Црвена ѕвезда забележа и повеќе од убедлива победа над Виртус Болоња на домашен терен и само си ја зацврсти позицијата на табелата, која ќе им донесе директно место во плејофот. Црвено-белите во белградската Арена славеа со 36 поени разлика, односно со 88-52 против екипата која е претпоследна на табелата.

Екипата од Белград ги доби сите четири четвртини, а најубедлива беше првата, која заврши со резултат 28-11, што воедно беше и најава за убедливата победа.

Со оваа победа Црвена ѕвезда се израмни со Баерн Минхен на делбата на петтата и шестата позиција, со победа повеќе од четири екипи кои се наоѓаат од седмото до десеттото место.

На останатите два денешни меча во Евролигата, Анадолу Ефес на домашен терен беше убедлив против Басконија со 92-76, додека Панатинаикос го победи Макаби со 92-99 на гости, односно на неутрален терен во Белград.

- Оглас -

Најнови вести