11.8 C
Skopje
недела, 21 септември 2025

Тудор грмна против судиите: Тоа е срамота!

Јувентус ја прекина победничката низа во Серија А, откако одигра 1:1 на гости кај Верона. Старата дама водеше со 1:0, но пред крајот на првото полувреме беше досуден пенал за Верона, а домаќините реализраа за 1:1.

До крајот на средбта потоа немаше погодоци, па двата тима освоија по еден бод. По завршување на мечот, тренерот на Јувентус, Игор Тудор беше многу разочаран од судењето и одлуката да биде досуден пенал за Верона.

„Тоа е срамота. Тоа може даго досудат само оние кои никогаш немаат играно фудбал“, рече разочараниот Тудор. Хрватскиот стратег имаше забелешка и за уште една ситуација, а тоа е Гифт Орбан не добил директен црвен картон по удирањето на Федерико Гати.

„Целата ситуација се случи пред мене. Видов, а судијата ми рече дека Орбан не го удрил Гати. Само помислете каква убава работа смислија: можете да се обидете да го удрите противникот, но ако не го удрите, тоа не е црвен картон. Не сме виделе вакви одлуки со години. Потоа ни недостигаше енергија, навистина, но ако не дадете црвен картон за тоа (Орбан), не знам. Не сакам изговори, но на крајот така се одлучуваат натпреварите. Овие одлуки се 100 проценти погрешни во двата случаи.“, анализираше тренерот на Јувентус за судиските одлуки на дуелот против Верона.

- Оглас -

Најнови вести