„Ова беше луд натпревар. Многу голови, подеми и падови, на крајот имаме многу среќа што победивме одличен тим. Не знам дали ремито ќе беше фер резултат, но тоа е фудбалот. Ние не одигравме на највисоко ниво, но успеавме да победиме“, изјави тренерот на Јувентус, Игор Тудор.
Старата дама од сезоната 2018/19 немала три победи во првите три кола, како што сега тоа го прави тимот предводен од Тудор.
„Задоволни сме. Ова беше трет натпревар и трета победа, но имаме уште 35 до крајот“, додаде Тудор.
Хрватскиот стратег направи неочекуван потег кога во игра го внесе 19-годишниот Аџиќ, кој на крајот се покажа како херој на Јувентус, постигнувајќи го победничкиот гол за 4:3.
„Во последните пет или шест месеци работевме со него, бидејќи веруваме во неговиот квалитет. Се обидувавме да промениме некои од навиките што ги имаше, а кои не ни се допаѓаа, и тој го прифати тоа со правилен став. Цела недела видовме дека е во добра форма и затоа решивме да го внесеме во игра. Тој има удар од далечина што е искрено редок во фудбалот. Мора да го сфати овој гол како знак дека ќе продолжи да работи уште понапорно“, додаде Тудор за настапоте на тинејџерот Аџиќ.