ЈУвентус загуби од Реал Мадрид со 1-0 во Лигата на шампионите и сега нивната серија без победа порасна на седум меча, иако и „старата дама“ имаше свои шанси на мечот на „Сантијаго Бернабе“.
„Фудбалерите се разочарани, бидејќи сметаат дека заслужија да постигнат барем гол. Постои жал, но на прав пат сме. Ми се допадна како игравме на почетокот и карактерот, а потоа очекувано Реал нѐ стави под притисок, но ние направивме се што имавме подготвено за овој меч. Примивме гол само поради неверојатните индивидуални квалитети на Винисиус, а потоа и одбиена топка од стативата.“ – рече тренерот на Јувентус, Игор Тудор, по мечот против „кралевите“.
Јувентус по три кола во Лигата на шампионите има само два бода и се наоѓа на 25-тата позиција.