Игор Тудор дебитираше на клупата на Тотенхем на 22 февруари, но се чини дека неговата премиерлигашка авантура ќе трае многу кратко. Хрватот не само што не успеа да го стабилизира Тотенхем, туку освои само еден бод на пет првенствени натпревари, па веќе е јасно дека ќе добие отказ.
Според медиумите на Островот, Тудор ќе си замине од Лондон уште во репрезентативната пауза, а се чека само официјализација од клубот. Како најсериозен кандидат за негов наследник се споменува австрискиот тренер Адолф Хутер.
Хрватот го водеше Тотенхем само на седум меча, со ефект од пет порази и по една победа и реми. Во Лигата на шампионите беше елиминиран од Атлетико Мадрид со пораз од 5-2 и победа од 3-2, додека во Премиер лигата одигра само едно реми против Ливерпул.
Спарси се на катастрофалното 17-то место со еден бод пред Вест хем, кој е во зоната за испаѓање.

