Тудор пред дербито со Сити: Гвардиола е апсолутно најдобриот тренер на светот

Тренерот на Јувентус, Игор Тудор, пред дерби натпреварот против Манчестер сити во третото коло од групната фаза на Светското клупско првенство, го пофали својот колега, Хосеп Гвардиола.

„Ќе играме против одличен тим, кој заедно со Реал Мадрид ја испишаа поновата историја на фудбалот. Тие се најдобри со години, особено благодарение на Гвардиола, кој за мене е апсолутен тренер број еден во светот“, изјави Хрватот.

Јувентус има обезбедено осминафинале, а ќе биде прв во групата доколку победи или одигра нерешено. Сити само со победа може да биде прв и најверојатно да го избегне Реал Мадрид кој е фаворит за првото место во групата со која вкрстуваат.

„Ќе дадеме сѐ од себе и ќе се обидеме да го играме нашиот фудбал. Иако Јувентус е веќе во плејофот, ние ќе излеземе на теренот за да победиме. Никогаш не сум ги подготвувал моите играчи за нерешен резултат. Освен тоа, ако сакате да стигнете до финалето, порано или подоцна ќе мора да победите силни противници. Очекуваме возбудлив натпревар“, вели Тудор.

Мечот Јуве – Сити ќе се игра вечерва во Орландо од 21 часот по македонско време.

- Оглас -

Најнови вести