Тудор пред дуелот со Реал: „Сите сонуваат да ги победат“

Во дербито на осминафиналната фаза од Светското клупско првенство во САД се среќаваат Јувентус и Реал Мадрид. „Кралевите“ се меѓу фаворитите за освојување на турнирот, но „старата дама“ знае како е да се победи Реал. Тоа им успеа на два од последните пет меѓусебни дуели, а Јувентус славеше и на последниот меч пред две години, но на пријателски натпревар со 3-1 и токму на американско тло.

„Реал има фудбалери од светска класа и на турнирски натпреварувања, како што е ова, тешко е да ги победиш. Иако е кратко во клубот, веќе се гледа тренерскиот ракопис на Чаби Алонсо. Се гледаат сличностите со неговата претходна екипа, Баер Леверкузен. Сите сонуваат да го победат Реал, а ние сакаме да покажеме дека можеме да го направиме тоа. Ќе мора многу да трчаме, да играме храбро, не смее да правиме грешки, бидејќи ќе нѐ казнат, но ќе мора да имаме и среќа.“ – вели тренерот на Јувентус, Игор Тудор.

- Оглас -

Најнови вести