Новиот тренер на Јувентус, Игор Тудор, изјави дека тимот бил во лоша форма кога го презел, но сега почнуваат да се креваат. Хрватскиот стратег е во очекување на своето прво големо искушение, вечерашното гостување против Рома во Серија А.
„Го презедов тимот во лош момент, но сега почнуваме да напредуваме. Колку време ќе потрае? Не знам и никој не може да знае“, изјави Тудор пред дуелот на „Олимпико“.
Јувентус, кој моментно е на петтото место, има еден бод заостанување зад Болоња и се бори за пласман во Лигата на шампионите. Рома, која има седум последовни победи во првенството, заостанува три бода зад тимот на Игор Тудор.