36.7 C
Skopje
вторник, 22 јули 2025

Тудор со порака: Јувентус не дојде тука само да ја пополни бројката на учесници на СКП

Јувентус заедно со Интер се двете италијански екипи кои ќе ги бранат боите на Аѕурите на Светското клупско првенство. Првиот меч на Старата дама ќе биде на 19 јуни против Ал-Аин, меч кој треба да се победи.

Тренерот на Јувентус, Игор Тудор најави дека неговиот тим не е заминат во САД само за да учествува на овој мундијалски клупски собир.

„Ова е прв турнир со ваков формат и секако дека е посебен. Јувентус секогаш има големи амбиции, а тоа е да победува. Знаеме дека тука се најдобрите клубови во светот, но ние не дојдовме само за да пополниме бројка на учесници. Тоа треба да им биде јасно на сите“, рече Тудор пред патувањето кон САД.

Стратегот на Јувентус потенцираше дека има долго патување до САД и дека играчите ќе мора брзо да се адаптираат затоа што за кратко време мора да го играат и првиот меч против Ал-Аин. Во група со Јувентус се уште и екипите на Манчестер сити и Видад Казабланка.

- Оглас -

Најнови вести