Тухел дефинитивно нема да го дочека крајот на сезоната, а покрај Зидан, и Италијанецот е во игра за нов тренер на Баерн.
Томас Тухел нема уште долго да седи на клупата на Баерн Минхен, речиси сигурно е дека нема да го дочека крајот на сезоната, а геманскиот „Билд“ пишува дека изборот на управата е сведен на две имиња – Зинедин Зидан и Антонио Конте.
Според „Билд“, Зидан, кој од 2021 година е без тренерски ангажман, сè уште е главен фаворит за клупата на Баерн Минхен, а подеднакво добро котира и Антонио Конте, додека Ханси Флик е опција само доколку не дојде до договор со Французинот и Италијанецот.
Конте од минатата година е без ангажман откако го напушти Тотенхем, а во изминатите недели беше поврзуван со екипите на ПСЖ, Милан, Рома, Наполи.
Конте ги има освојувано титулите во Серија А со Јувентус и со Интер и во Премиер лигата со Челзи. Покрај гигантите, Конте работеше и во Арецо, Бари, Аталанта и Сиена, а од 2014 до 2016 година беше и селектор на Италија.