Тухел ги предупреди играчите дека не смеат да се опуштат против Малме

Менаџерот на Челзи, Томас Тухел, ги пофали своите фудбалери за тоа што го направија во досегашниот дел од сезоната. По 10 одиграни кола во Премиер лигата, Челзи е лидер со 23 бодови, три повеќе од вториот Ливерпул, а дури пет од Манчестер сити.

Освен во првенството, Челзи е во поволна ситуација и во Лигата на шампионите. Бранителот на европскиот трон има шест бода од трите меча и е на второто место во групата каде што Јувентус е лидер. Лондонскиот тим утре од 18:45 часот ќе гостува кај Малме, во мечот со кој ќе стартува четвртото коло од европската елитна лига на УЕФА.

Пред две недели, Челзи на „Стемфорд бриџ“ со 4:0 го победи Малме, а сега ќе игра на гостински терен против шведскиот ривал.

„Во добра позиција сме. Поставивме стандард за тоа како треба да играме во секој меч, така што утре почнуваме од нула затоа што е нов дуел. Малме заслужува респект. Секој тим што е дел од Лигата на шампионите е способен да направи изненадување. Го почитуваме противникот и не смееме да летаме во облаци“, Рече Тухел.

 

- Оглас -

Најнови вести