Тухел го прероди Челзи, лондончани се во четвртфиналето на ФА купот

Челзи даде еден гол, но и тоа беше доволно за победа на гостувањето кај Барнсли, во меч од осминафиналето на ФА купот. Лондонскиот тим беше голем фаворит, но се мачеше, а на крајот погодокот на Тами Абрахам во 64-тата минута се покажа како доволен за победа и пласман во следната фаза.

Откако на клупата на Челзи е седнат новиот тренер Томас Тухел, премиерлигашот прво имаше реми без голови, а сега нареди четири победи по ред.

Барнсли вторпат сезонава е елиминиран од Челзи, откако овој тим мораше да го заврши настапот во Лига купот по поразот од 2:0 на „Стемфорд Бриџ“.

 

- Оглас -

Најнови вести