Тухел изненади многумина: Англија ваков состав не памети повеќе од 30 години

Репрезентацијата на Англија ја забележа и втората победа во квалификациите за пласман на Светското првенство откако по Албанија (2-0), ја совлада и Летонија (3-0). Тухел изненади многумина со изборот на фудбалерите кои го започнаа мечот, а првпат по Европското првенство во 1992 во стартните единесетмина немаше ниту еден фудбалер на Ливерпул, Манчестер сити и Манчестер јунајтед.

Во првата постава имаше дури тројца фудбалери на Астон вила, двајца од Арсенал и по еден од Евертон, Челзи, Кристал палас, Реал Мадрид, Вест хем и Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести