Тухел ја поведе Англија на пат кон СП 2026, Босанците слават, Полска одвај

Англија на „Вембли“ беше подобра од Албанија со 2-0, и големиот фаворит тргна со очекувана победа во квалификациите за Светското првенство кое ќе се игра следната година во САД, Канада и Мексико.

Головите за Гордиот Албион ги постигнаа Мајлс Луис-Скели за кого тоа беше прв гол со кој влезе во историјата како најмлад стрелец дебитант, и капитенот Хари Кејн за кого беше рекорден 70-ти гол за националниот тим.

Успешно деби како селектор имаше Томас Тухел. Англичаните не само што не сакаат да го повторат киксот од 1994 година кога не се пласираа на СП во САД, туку веруваат и дека се кандидати за светската титула следното лето.

Инаку, сите мечеви вечерва беа неефикасни и завршија со максимум два постигнати гола. Со 2-0 победи и Кипар против Сан Марино. По 1-0 славеа Полска дома против Литванија (гол на Левандовски во 81-ва минута), а БиХ на гости извојува важен триумф против Романија, како и фаворитите Финска со Малта и Летонија кај Андора.

- Оглас -

Најнови вести