Тухел: Мбапе и Кавани не се подготвени да играат 90 минути

Тренерот на Пари Сен Жермен, Томас Тухел, даде јасно на знаење дека ѕвездата Килијан Мбапе вечерва ќе има ограничена минутажа при гостувањето кај Бриж во Лигата на шампиоините.

Според зборовите на германскиот стручњак, штотуку закрепнатиот напаѓач не е во состојба да одигра цел меч. Од клубот претпочитаат тој многу внимателно да се враќа меѓу стартерите.

„Тешко дека Мбапе може да игра 90 минути, но е премногу за него во моментов. Тоа важи и за Единсон Кавани”, рече Тухел пред гостувањето во Белгија.

Тухел додаде дека се радува што Килијан и Еди се вратија, а жали што се повредил Идриса Геј, кој внел нешто необично во тимот, но во средниот ред тука се Андер Ерера и Пабло Сарабија.

- Оглас -

Најнови вести