Тухел не го „рецна“ Куртоа, навивачите на Челзи со сеир за нивниот поранешен голман (Видео)

Реал Мадрид и Челзи одиграа 1:1 на првиот меч во полуфиналето од Лигата на шампиони, а голманот на Кралевите, Тибо Куртоа, беше еден од најзаслужните што домаќините не загубија. Куртоа имаше неколку одлични одбрани, а посебно се памти таа по ударот на Вернер на почетокот од мечот.

Куртоа во Реал дојде токму од тимот на Челзи, каде што бранеше четири сезони. На крајот од средбата Куртоа додека заминуваше од теренот, му подаде рака на тренерот на Челзи, Томас Тухел, но стратегот на гостите едноставно го „извиси“ противникот.

Наместо да се поздрави со Куртоа, Тухел тргна кон својот играч Антонио Рудигер и нему му подаде рака. Фановите на Челзи се задоволи од овој потег на нивниот тренер, па на социјалните мрежи коментираат дека Тухел заслужува да го почестат и пијачка.

 

- Оглас -

Најнови вести