Тухел не сака да се обврзе со долгогодишен договор во Челзи

Управата на Челзи претходно денес го разреши Френк Лампард од функцијата менаџер на првиот тим, по што на местото од клупската легенда треба да застане Томас Тухел.

Германскиот стратег најверојатно уште утре ќе биде промовиран во нов предводник на екипата, на ден пред дуелот на Челзи со Вулверхемптон во Премиер лигата.

Она што е познато е дека Тухел се согласил на договор од 18 месеци, поточно до јуни 2022 година. Во зависност од резултатите, клубот ќе може да ја активира опцијата за автоматско продолжување на договорот на Тухел на уште една година.

Инаку, Тухел наводно не сакал да се обврзе на повеќегодишен договор со Сините бидејќи прво сака да види како ќе се одвива неговата работа во западниот дел од Лондон.

По 19 кола во англискиот шампионат, Тухел ќе го преземе Челзи како деветтопласиран со 29 бода, дури 11 помалку од лидерот Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести