Баерн Минхен денес загуби на домашен терен од Лајпциг со 1-3 и си го компликува освојувањето на титулата во Бундес лигата, бидејќи сега Борусија има се во свои раце, односно има меч топка за титулата.
– “Заслужен пораз, мора да играте подруго ако сакате да победите на натпреварот. Добро влеговме во натпреварот, но застанавме после 30 минути игра, исто и во второто полувреме. Во моментов немам објаснување како можеше да се случи вакво нешто.“ – изјави Томас Тухел после поразот од Лајпциг.
Тренерот на Баерн Минхен вели дека нема да го гледа утрешниот натпревар помеѓу Аугсбург и Борусија Дортмунд.
– “Дефинитивно нема да го гледам натпреварот. Немаше да го гледам и да победевме денес. Ќе го гледам повторно нашиот денешен натпревар.“
Баерн Минхен во моментов има 68 поени, еден повеќе од Борусија Дортмунд, која утре го игра натпреварот од претпоследното коло и со победа ќе се искачи на лидерската позиција во Бундес лигата.