36.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Тухел прв пат се сретна со Абрамович по освоената европска титула

Газдата на Челзи, Роман Абрамович, и тренерот на лондонскиот тим, Томас Тухел, првпат синоќа се сретнаа во живо по завршување на финалето во Лигата на шампионите. Тухел го предводеше Челзи до втората европска титула во клупската историја, а Абрамович се најде на теренот да му честита на германскиот стратег.

Абрамович има забрана за влез во Велика Британија, па мечевите на Челзи ги следи на телевизија, а Тухел беше договорен преку видеолинк, кога и беше склучен договорот.

„На теренот разговарав со сопственикот Абрамович. Не можете да замислите подобар момент за прва средба. Секако, нема никогаш да има подобар момент. Ќе разговараме и ќе го убедам дека жедта за победа заврши. Работам амбициозно, опкружен сум со силна екипа околу мене и со луѓе кои ја подржуваат мојата филозофија за фудбалот“, рече Тухел.

Се очекува следната недела Тухел и официјално да добие продолжување на договорот до јуни 2023 година. 

- Оглас -

Најнови вести