Очекувано – Челзи ќе го задржи Тухел до 2023 година

Томас Тухел ќе продолжи како тренер на новиот европски првак Челзи, најмалку уште две години. Најавено е дека во текот на идната недела, раководството на Челзи ќе му понуди на германскиот стратег нов договор со важност до 2023 година.

Тухел пристогна во Челзи од Пари Сен Жермен и вече во првата сезона како кормилар на лондонскиот клуб го доведе до највисокото место во европскиот клупски фудбал, до шампионската круна во Лигата на шампионите.

Челзи во финалето во ЛШ, вчера на „Драгао“ во Порто го победи англискиот првак Манчестер сити со 1:0 со голот на Каи Хаверц и ја освои втората европска круна.

Челниците на челзи се исклучително задоволни од учинокот на Томас Тухел и очекувано ќе му понудат продолжување на договорот за уште најмалку две сезони.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести