Томас Тухел во петок ќе го има дебито на клупата на Англија, на меч од квалификациите за Светското првенство против Албанија на домашен терен. На официјалната прес-конференција пред мечот најави дека единствената опција е победа.
„Сакам да играме со возбуда и глад за победа, со желба за победа и радост кога ќе победиме. Се разбира, прифаќањето на поразот е дел од играта, на градењето на тимот. Сакам играчите да бидат смирени, да играат со радост, а не со страв. За мене е важно да се прилагодам на енергијата на екипата. На крајот на краиштата, имавме само три тренинзи. Но, за време на слободното време, на ручек, на вечера, разбрав сè што сакав да разберам“, рече Тухел.