Германскиот стратег Томас Тухел се соочува со голем притисок од англиската фудбалска јавност. Тухел прифати да биде селектор на Гордиот Албион, но сега, само по четири меча како предводник од клупата, испиша негативен рекорд.
Тухел стана првиот англиски селектор кој загубил од репрезентација од Африка. Англија на свој терен во Нотингам со 1:3 загуби од Сенегал во пријателски меч. Срамот да биде поголем, фаворитот поведе со голот на Хари Кејн, но Сенегал прво израмни до полувремето, а во вториот дел постигна уште два гола за историска победа.
До вчера, Англија имаше одиграно 21 меч против репрезентации од Англија и имаше биланс од 15 победи и шест нерешени. Тухел, кој е 22-ри селектор во историјата на англиската репрезентација, успеа да запише негативен рекорд и загуби од Сенегал.
„Резултатот е разочарувачки. Во добар дел од мечот бевме активни и конкурентни. Факт е дека примивме два гола по направени елементарни грешки“, рече Тухел по поразот.
Голем дел од англиските навивачи веднаш негодуваа и побараа дури Тухел да биде сменет од функцијата. Освен поразот од Сенегал, Англија пред неколку дена играше во квалификациите за СП 2026 и едвај, минимално со 1:0 го победи аутсајдерот Андора.