Баерн Минхен имаше сезона за заборав во Германија, а единствената шанса за германскиот гигант да ја заврши сезоната со трофеј е ако триумфира во Лигата на шампиони. Баварците ќе играат во полуфиналето и тоа в вторник на свој терен против Реал Мадрид, во првиот дуел од двомечот.
Тренерот на Баерн, Томас Тулех вели дека внимателно ја анализирал играта на Реал Мадрид и јасно му е од каде ќе доаѓа најголемата опасност за неговиот тим.
„За Реал Мадрид подеднакво важни се Вилисиус јуниор и Џуд Белингам. Тие се најдобри на своите позиции и ќе мора да се обидеме да ги сопреме“, вели Тухел, кој сепак не заборав да потенцира дека покрај младите талентирани играчи, не смее да се заборави и на еден од најискусните а тоа е Тони Крос. Токму Крос повеќе од една деценија е еден од „моторите“ во креацијата на нападите на Реал Мадрид, а дојде токму од Баерн Минхен.
За разлика од Баерн Минхен кој остана без домашна титула, Реал Мадрид е пред освојување на пехарот во Примера дивисион, но секако Кралскиот клуб ќе се бори и за нов европски трон.