Шкотска, Велс и Англија се држави низ кои е се вози најпознатата велосипедска трка во светот, Тур де Франс во 2027 година. Градот Единбург во Шкотска ја доби честа да биде градот од којшто ќе започне трката која има повеќе од 100-годишна традиција.
Ова нема да биде првпат Тур де Франс да се вози на тлото на Велика Британија. Етапи од трката се возеа во 1974 година, 1994, 2007 и 2014 година.
Токму во 2014 година дури 4,8 милиони гледачи се најдоа покрај патеката на трите делници кои се возеа во Англија. Одлична бројка на публика имаше и во 2023 година, кога дел од етапите се возеа во Шкотска.
Организаторите на Тур де Франс започнаа веќе традиционално, стартот на трката за да биде во некој европски град надвор од Франција. Минатата година трката стартуваше од Фиренца во Италија, следната година почетната точка ќе биде во Барселона, а во 2027 година ќе дојде редот и на Единбург да биде местото од каде што ќе стартува најпознатата велосипедска трка во светот.