Маркус Турам е казнет со шест меча суспензија, а ќе мора да плати и парична казна од 40.000 евра поради плукањето на противничкиот играч. Напаѓачот на Борусија Менхенгладбах заработи црвен картон откако директно во лице го плукна Штефан Пош од Хофенхајм.
Дисциплинската комисија на Германската фудбалска федерација немаше милост, па Турам, кој инаку е син на легендарниот француски репрезентативец Лилијан Турам, сега ќе мора да паузира шест меча (првенство и куп).
Неспортскиот потег на Турам го искоментира и претседателот на Извршниот борд на Баерн Минхен, германската фудбалска легенда Карл-Хајнц Румениге. Тој даде изјава која во некои кругови ќе се толкува како расизам. Изјавата на Румениге може да ја прочитате ТУКА.
Marcus Thuram sent off for spitting at Hoffenheim’s Stefan Posch today – a really petulant move in the middle of a particularly intense moment in the pandemic in Germany & beyond. pic.twitter.com/oW1SbaNU6u
— Get French Football News (@GFFN) December 19, 2020