Мерих Демирал, стоперот на Турција, стана национален спортски херој откако постигна два гола за победата над Австрија (2-1) во осминафиналето на Европското првенство.
Демирал со тоа направи историски подвиг, стана првиот дефанзивец кој постигнал два гола во натпревар од нокаут-фазата на големо натпреварување уште од времето кога Лилијан Турам ги постигна головите за победата на Франција над Хрватска, исто така 2-1, во полуфиналето на Светското првенство во 1998 година.
Тогаш Давор Шукер ѝ донесе водство на Хрватска против домаќинот на СП, но Турам со головите направи пресврт за победа и прво финале на СП во историјата на Франција.
Интересно и особено болно за Хрватска, а тие голови на дефанзивецот Турам беа единствените што ги постигна за Франција во 142 настапи за репрезентацијата.
Сега Мерих Демирал го повтори подвигот на Лилијан Турам, а двата гола ги постигна по корнерите што ги изведе младата турска ѕвезда Арда Ѓулер, првиот само по 58 секунди од почетокот на натпреварот.