Турска сабја го прекина серијалот на Милан – Хет-трик на Јазичи и слатка победа на Лил (Видео)

Јусуф Јазичи блескаше на „Сан Сиро“ и со хет-трик му донесе победа на Лил против Милан со 3:0 и ја прекина импресивната серија на Росонерите без пораз на 24 меча, или од 8 март годинава.

Јазичи беше прецизен во 22-рата минута од пенал, а потоа даде уште два гола во второто полувреме во кус рок од 180 секунди, од 55-тата до 58-мата минута.

Триумф вечерва слави и македонскиот репрезентативец Аријан Адеми со Динамо Загреб. Со голот на Атиевмен популарните Модри го победија Волфсбергер иако играа без неколку стандардни првотимци поради корона-вирус.

Голема победа славеше и Црвена ѕвезда против Гент со 2:1, со двата гола на Канга. Стрелец за Белгијците беше Оџиџа Офое.

Убедлива победа во Глазгов славеше Спарта Прага против Селтик со 4:1, а и тука имаше хет-трик во режија на Лукас Јулис.

Резултати од последните натпревари од третото коло во Лигата на Европа:

Милан – Лил 0:3, Арсенал – Молде 4:1, Динамо Загреб – Волфсбергер 1:0, Селтик – Спарта Прага 1:4, Црвена ѕвезда – Гент 2:1, Хофенхајм – Либерец 5:0, Лестер – Брага 4:0, Јанг бојс – ЦСКА Софија 3:0, Зорија – АЕК 1:4, Феенорд – ЦСКА Москва 3:1, Антверпен – ЛАСК 0:1, Вилјареал – Макаби Тел Авив е во тек, по првото полувреме е 1:0.

- Оглас -

Најнови вести