23.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025

Турција ја потопи Грција и се пласираше во финалето на Евробаскетот

Кошаркарската репрезентација на Турција ќе игра против Германија во финалето на Европското првенство в недела. Турската селекција одигра фантастичен меч во полуфиналето и убедливо со 94:68 го победи големиот ривал Грција.

Ова полуфинале се најавуваше дека треба да биде неизвесно, но на теренот ситуацијата беше сосема поинаква. Турција започна со 7:0, а по првата четвртина водеше со 26:16. Фуриозната игра на Турција продолжи и во втората четвртина и во еден момент имаа предност од 21 разлика (45:24).

Уште тогаш беше јасно дека Турција која реди само победи на Евробаскетот, е на пат кон финалето. Во третата четвртина неколку пати предноста на Турција стигна и нереални 26 поени (72:46).

И во последната четвртина, Турција беше подобра и на крајот стигна до една од најубедливите победи против големиот ривал.

Големото финале ќе се игра в недела, а Турција ќе се обиде да стигне до првата европска титула.

- Оглас -

Најнови вести