Турција двапати се коцкаше на двојка и не успеа да ја победи Летонија, што е најголемото изненадување вечерва во квалификациските мечеви за настап на Мундијалот во Катар.
Домаќините беа апсолутни фаворити и двапати водеа со два гола разлика, 2:0 и 3:1, но храбрите Летонци освоија бод со реми 3:3.
Караман,Чалханоглу и Јилмаз од пенал беа стрелци за Турција, но и Летонците беа расположени за голови, па преку Савалниекс, Улдрикис и Икауниекс направија поодвиг и го освоија првиот бод во третиот меч во Г групата.
Со голови доминираа Белгија и Холандија, а двата соседи заедно постигнаа дури 15 голови. Црвените ѓаволи со неверојатни 8:0 ја декласираа Белорусија, додека Холанѓаните славеа со 7:0 против Гибралтар на гости.
Третиот дел од Бенелукс, селекцијата на Луксембург со голот на Родригес најави сензација против Португалците, но Жота, Роналдо и Палиња со по еден погодок направија пресврт за очекувана победа на фаворитот од 3:1.
Резултати: Азербејџан – Србија 1:2, Кипар – Словенија 1:0, Црна Гора – Норвешка 0:1, Белгија – Белорусија 8:0, Гибралтар – Холандија 0:7, Хрватска – Малта 3:0, Луксембург – Портигалија 1:3, Словачка – Русија 2:1, Турција – Летонија 3:3, Велс – Чешка 1:0.