19.8 C
Skopje
четврток, 25 септември 2025

Турците се бесни по поразот на Фенербахче од Динамо: „Претседателот треба да влезе со секира во соблекувалната!“

Динамо Загреб синоќа на „Максимир“ го победи турскиот гигант Фенербахче со 3-1 во првото коло од Европската лига. Херој на средбата беше двојниот стрелец Дион Белјо, а за Модрите погодок постигна и Монсеф Бакрар. Единствениот гол за гостите беше дело на Себастијан Шимански.

Поразот од Динамо предизвика вистинска бура во турските медиуми. Аналитичарите од „Фотомач“ беа особено остри.

„Да се примат три гола од Динамо, за тоа некој мора да одговара. Да сум на местото на новиот претседател Садетин Саран, ќе влезам со секира во Самандир (тренинг-центарот на Фенербахче). Овој тим нема право да игра вака!“, изјави Емре Бол, еден од турските аналитичари од „Екол спорт“.

Според „Фотомач“, одбраната на Фенербахче делува без план и хиерархија.

„Имињата во задната линија се познати, но никој не ја знае својата улога. Не е јасно кој ја гради играта, Семедо се мачеше на дефанзивниот среден ред, Асенсио беше целосно изгубен, а Шимански ги губеше топките како на лента. Единствената идеја беше да се оди со долги топки зад одбраната на Динамо.“

Посебно остри беа критиките упатени кон мароканскиот напаѓач Ен Несири.

„Ен Несири е толку бавен и стои на погрешни места што со таков напаѓач е невозможно да се биде опасен. Погледнете ја неговата статистика – нема ниту еден удар! Не удар во рамката на голот, туку – ниту еден обид“, критикуваат турските медиуми.

Ниту тренерот Доменико Тедеско не беше поштеден.

„Го потцени Динамо. Во средниот ред немаше никој кој може да одговори на дуел-игра. Од нападот до стоперската позиција, единствениот кој нешто се обидуваше да притисне беше Шимански. А потоа уште го стави Сојунџу на десен бек додека Мерт Мулдур седи на клупата… Потполно промашување“, напиша турскиот „Фанатик“.

- Оглас -

Најнови вести