Турците со двајца НБА играчи и двајца странци на Мундобаскетот

Кошаркарската селекција на Турција се екипираше во пресрет на Мундобаксетот кој годинава ќе се игра во Кина. Двајца играчи од НБА лигата, како и двајца натурализирани кошаркари се најдоа на поширокиот список од 26 репрезентативци кои ги повика селекторот Уфук Сариџа.

Чеди Осман од Кливленд кавалирс и Ерсан Илјасова од Милвоки бакс се двете ѕвезди кои доаѓаат од НБА, ако не се смета Фуркан Коркмаз кој е пред потпис со Фенербахче, додека Боби Диксон (Мохамед Али) и Скоти Вилбекин ќе играат за Турција како натурализирани кошаркари.

Турција e во групата E заедно со бранителот на светската титула, селекцијата на САД, како и со Чешка и Јапонија. Во 2014 година на светскиот кошаркарски собир во Шпанија, нивниот настап заврши во четвртфиналето по поразот од Литванија.

Список на Турција:

Чеди Осман, Ерсан Илјасова, Фуркан Коркмаз, Скоти Вилбекин, Догуш, Балбај, Сертач Шанли, Бурбахан Тунчер, Метечан Бирсен, Јигитчан Сајбир, Толга Гечим, Ридван Ончел, Сехмус Хазер, Раџип Атар, Картал Озмизрак, Мерт Акај, Боби Диксон, Мелих Махматоглу, Хусеин Коксал, Еге Арар, Ајберк Олмаз, Семиг Ерден, Бер Ибрахим Уруглу, Мухсин Јашар, Јигит Арслан, Берна Дурмаз, Метин Турен.

 

 

- Оглас -

Најнови вести