Турците уверуваат: Осимен се договори со Манчестер јунајтед

Голгетерот на Галатасарај Виктор Осимен ќе ја продолжи кариерата во Манчестер јунајтед. Ова го тврдат неколку турски медиуми, според кои фудбалерот веќе ги има договорено личните услови со англискиот тим. Осимен ќе заработува 15 милиони евра по сезона во Манчестер јунајтед.

Осимен е во сопственост на Наполи, но сезонава игра за Галатасарај и тоа како позајмен играч. Овој потег се покажа како одличен за Галатасарај затоа што напаѓачот сезонава постигна 29 голови во 34 меча.

Според договорот кој го има со Наполи, Осимен може да си замине од италијанскиот тим ако некој плати 80 милиони евра. интерес за Нигериецот покажуваат Јувентус, Арсенал, Челзи и Пари Сен Жермен, но сепак главен фаворит е Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести