Турците во шок, Џеко има плата речиси колку и сите фудбалери на клубот кој му даде шест гола на Фенербахче

Фенербахче во четвртокот го доживеа еден од најтешките порази во европските купови, загуби со 6:1 од Нордсјиланд во рамки на петтото коло во Лигата на конференции, а турските медиуми останаа во шок откако открија колкави плати имаат фудбалерите на данскиот тим.

Според „салари спортс“, Нордсјиланд издвојува 4.33 милиони евра годишно за плати на своите фудбалери, а само платата на напаѓачот на Фенербахче, Един Џеко, е 4,2 милиони евра.

Најголема плата во данскиот тим има Андреас Шелдеруп која изнесува 1,92 милион евра, но Нордсјиланд му плаќа саммо 392.000 евра, а остатокот го покрива Бенфика од каде пристигна на позајмица сезонава.

Киан Хансен е на второто место на листата на играчи со најголеми плати во Нордсјиланд со 312.000 евра, додека Маркус Ингвартсен заработува 306.000 евра.

- Оглас -

Најнови вести