6713 АПОЕЛ – Дила Гори (19.00 часот)
АПОЕЛ работата ја заврши на првиот натпревар кој се играше во Грузија и на кој славеше со 2:0, но победата е императив и на денешниот натпревар бидејќи игра пред своите гледачи. За очекување е кипарскиот тим повторно да слави без големи проблеми, а притоа да зачува дел од силите за следната рунда од квалификациите за пласман во групната фаза во Лигата на конференции.
Предлог тип: 1 & 2-5 (1.96)
6721 Макаби Т.А. – АЕК Ларнака (19.00 часот)
Првиот натпревар заврши без победник и во Тел Авив ќе се одлучува за патникот во последната квалификациска рунда за пласман во Лигата на конференции. Израелскиот тим беше подобар и на првиот меч (1:1) имаше повеќе шутеви, корнери и поголем посед на топката, но не успеа да слави. За очекување е вечерва да го надомести тоа што го пропушти на Кипар.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.17)
6702 Хакен – Жалгирис (19.00 часот)
Хакен како гостин славеше со 3:1 во првиот меч со тимот кој ја елиминира Струга ТЛ во квалификациите за ЛШ. Во реваншот се очекува нова победа на шведскиот шампион и да не го повтори киксот во двомечот со Брејдаблик, а офанзивната игра да биде наградена со голови.
Предлог тип: 1 & 1+ I & 1+ II (2.02)
6715 Бешикташ – Нефтчи (20.00 часот)
Бешикташ веќе е во плејофот за пласман во Конференциската лига, победи на првиот меч со 3:1 во Азербејџан и вечерва ќе игра за ќеиф на своите навивачи. Се очекува нова убедлива победа на Бешикташ и затоа предлогот е да се одигра на голови на турскиот тим.
Предлог тип: Т1 1-3 I & 1-3 II (1.98)
6723 Рига – Твенте (19.00 часот)
Твенте славеше со 2:0 на првиот натревар, но е голем фаворит за триумф и во реваншот против естонскиот тим. Фаворитот викендот на стартот од новата сезона во холандскиот шампионат се загреваше со убедлив триумф од 4:1 против Алмере како гостин и за очекување е да биде ефикасен и вечерва против Рига.
Предлог тип: 2 & 1+ пол. (2.30)