Македонската фудбалска репрезентација до 19 години претрпи минимален пораз од 1-0 на гостувањето против бугарската селекција до 19 години во мечот кој се одигра во Правец.
Продолжи лошата серија за нашите млади репрезентативци кои по третпат загубија од источниот сосед, но барем не беше убедливо како во последната меѓусебна средба која се одигра кон крајот на јануари годинава и заврши со резултат од 4-0 во корист на Бугарите.
Голот на 16-годишниот Никола Илиев во 51-вата минута ја реши контролката откако талентот на Ботев Пловдив убаво проби по левата страна ослободувајќи се од двајца наши дефанзивци и ја затресе мрежата на Митрев на поблиската статива.