Уапсен е братот на Никола Јокиќ, обвинет е за физички напад

Братот на најдобриот српски кошаркар и еден од најдобрите во светот, Никола Јокиќ, е уапсен во САД под обвинение за физички напад од трет степен. Страхиња Јокиќ во месец април физички се пресмета со дел од гледачите на мечот помеѓу Денвер и ЛА Лејкерс, а сега мораше да се појави на суд.

Страхиња изјави дека не е виновен и тоа што го сторил го направил за заштити повозрасен гледач во салата.

„Кога полицијата го повикала Страхиња Јокиќ, тој им рекол дека не направил ништо лошо, бидејќи се обидел да заштити повозрасен човек кого го познавал долго време.“ – велат американските медиуми.

- Оглас -

Најнови вести