Дуелот со Лестер кој се игра попладнево, ќе биде посебен за менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, бидејќи тоа ќе биде негов 500-ти натпревар во сите натпреварувања на чело на Граѓаните.
Ситуацијата за тимот во моментов не е воопшто добра, бидејќи од последните 13 натпревари победија само на еден и средбата со Лисиците од Премиер лигата им е шанса конечно да ги израдуваат своите фанови.
Гвардиола е вториот менаџер кој стигнал до 500 настапи на чело на Сити по Лес Мекдавол, кој 592 пати го водел тимот помеѓу 1950 и 1963 година. Од досегашните 499 натпревари, Гвардиола има 354 победи и 1.211 постигнати голови. На претходниот јубилеј, 400-тиот меч на клупата на Сити за Гвардиола, тимот одигра нерешено 1-1 против Баерн Минхен.
Каталонецот од 2016 го води Сити и има освоено 18 трофеи, од кои и оној најзначајниот, во Лигата на шампионите, а притоа стана и прв и единствен во историјата со четири премиерлигашки титули по ред.