Убав викенд за македонските стрелци – Етеми мајсторски погоди за Истанбулспор, им се приклучи на Миовски и Бабунски во Топ-10 (Видео)

Валон Етеми одлично ја почна новата година и веќе има четири гола на 7 меча за Истанбулспор, а погоди и денеска на мечот со Аланијаспор што заврши нерешено 1:1.

Македонскиот репрезентативец беше прецизен во 67. минута кога на мајсторски начин го лобуваше гостинскиот голман за 1:0.

Истанбулспор победи со 2:1, благодарение и на својот најдобар стрелец Етеми, а трите бода им се многу значајни во битката за опстанок во Првата турска лига.

Етеми со 9 гола се проби во Топ-10 на листата со најдобри стрелци во турското прврнство, а ја дели шестата позиција со Тосун од Бешикташ и со Најир од Умранијеспор.

Викендов е одличен за уште двајца македонски репрезентативци кои даваа голови. Бојан Миовски беше двоен стрелец за Абердин во победата од 3:1 против Мадервел.

Сега има 14 погодоци на третото место на листата со најдобри стрелци во Шкотска.

Гол постигна и Доријан Бабунски за Дебрецин во Унгарија, а и тој со шест гола е во Топ-10 најдобри голгетери во првенството.

 

- Оглас -

Најнови вести