Арсенал пред околу еден месец го отпушти Џери Ки, човекот кој 27 години беше во улогата на клупската маскота позната како Ганерсаурус. Навивачите се разочараа, реагираше и Месут Озил дека ќе издвојува од неговата плата за Џери да остане на „Емирати“.
Поради тоа, управата реагираше и го врати Ганерсаурус, односно Џери, на работното место. Маскотата денес се пофали дека е вратен во функција, на радост на сите навивачи на лондонскиот клуб.
https://twitter.com/Gunnersaurus/status/1326177805567225857