Еден од најдобрите фудбалери на Барселона, Педри, учествуваше на денешниот тренинг на тимот, објавија од клубот. Дваесет и едногодишниот талент се повреди за време на четвртфиналето на ЕВРО 2024 меѓу Шпанија и Германија по старт од Тони Крос и имаше сомнежи дали ќе биде подготвен за почетокот на новата сезона.
Добрата вест е дека тој денеска за првпат учествуваше во дел од тренингот, што е значаен чекор кон негово целосно закрепнување.
Pedri did part of the session with the group! 💪 pic.twitter.com/wP0Efu6Pok
— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 14, 2024
Тешко е да се очекува дека Педри ќе биде подготвен да започне како стартер само за три дена при гостувањето на Валенсија во првото коло од Ла Лига, но постои шанса да биде на клупата и Ханси Флик да го искористи во одреден момент од натпреварот на „Месталја“.
Сепак, поверојатно е да не се ризикува и тој да биде вклучен во тимот за натпреварот од второто коло против Атлетик Билбао на 24 август, со што Педри ќе добие уште една дополнителна недела за подготовка.