Родри се врати на тренинзите на Манчестер сити по повредата на мускулот, што, секако, е одлична вест за Граѓаните.
Шпанецот пред околу еден месец го загрижи составот од „Етихад“ кога го повреди коленото. Брзо се врати на теренот и настапи против Монако и Брентфорд, но потоа ги пропушти следните три средби.
Физичката форма на Родри сè уште е променлива по операцијата на предните вкрстени лигаменти, но сега е подготвен повторно да му биде на располагање на тимот. До кој степен ќе може да се вклучи, ќе се види набрзо бидејќи Сити веќе утре гостува кај Свонси, а потоа следуваат натпреварите со Борнмут и Борусија Дортмунд на „Етихад“, пред да го пречекаат Ливерпул пред репрезентативната пауза.
Досега оваа сезона Родри има седум настапи и приближно 400 минути на теренот, па сега се надева на поголем континуитет.

