Борусија Дортмунд и нејзините навивачи ќе можат барем малку да здивнат по разочарувачката елиминација во Лигата на шампионите, а веста што ќе ги израдува е кам-бекот на најдобриот стрелец Ерлинг Халанд.
Норвежанецот отпатува за Волфсбург и според најавите од тренерот Марко Розе, утре ќе има одредена минутажа на дуелот со Волците.
„Ерлинг е со нас во автобусот и ќе добие одредена минутажа. Ако се мине во најдобар ред потоа ќе биде стандарден, како што тоа беше пред повредата“, изјави Розе.
Халанд паузираше скоро пет недели поради повреда на бутниот мускул и тоа се одрази негативно и на резултатите на Борусија и на норвешката репрезентација.
Без него Милионерите од Дортмунд испаднаа од Лигата на шампионите, а и пансата на Норвешка за настап на Мундијалот во Катар исчезна.
Иако не играше повеќе од еден месец Халанд остана втор стрелец во Бундеслигата со 9 гола, само зад кралот на стрелците во Европа, Роберт Левандовски со 14 погодоци.