Убава вест за Реал: Мбапе ќе патува со Кралевите на гостувањето против Манчестер сити

Килијан Мбапе, голгетерот на Реал Мадрид, ќе се врати во тимот на Кралевите за утрешниот реванш од осминафиналето на Лигата на шампионите, пренесува „Л’Екип“. Капитенот на француската репрезентација ги пропушти последните пет натпревари поради проблем со левото колено, кој го мачи уште од крајот на минатата година.

Вчера тој се врати на тренинзите, учествувајќи во целата сесија, по што заеднички беше донесена одлука дека ќе биде дел од составот за утрешното гостување против Манчестер сити на „Етихад“.

Сепак, Мбапе можеби нема да биде стартер, што е олеснето од фактот дека Реал Мадрид има комфорна предност по првиот натпревар, кој го доби со 3-0. Сепак, тој ќе добие минути на теренот за да го врати својот натпреварувачки ритам.

Пред дуелот со Елче, Алваро Арбелоа изјави дека состојбата на Мбапе се подобрува со секој изминат ден, но конечната одлука за неговото патување за Манчестер ќе биде донесена по тренингот во неделата. Сега веќе е јасно дека тој ќе патува за Англија.

- Оглас -

Најнови вести