Некогашната руска атлетичарка Елена Куличенко се најде во центарот на можен скандал затоа што неодамна ja користела „Onlyfans“ платформа и таму делела фотографии на кои е гола.
Куличенко моментално се натпреварува под знамето на Кипар, но не само тоа. Таа е одбрана да го носи знамето на Кипар на Летните олимписки игри во Париз. Адвокатите на спортистката тврдат дека голишавите фотографии се генерирани со користење на вештачката интелигенција, а Елена воопшто не присуствувала на снимањето.
Било побарано Куличенко да ја напушти оваа платформа, но таа одбила. Оваа атлетичарка од 2021 година се натпреварува под знамето на Кипар. Најголемиот успех го имаше кога на Европското првенство за млади во 2023 година го освои златниот медал во скок со стап. Тоа беше прво злато за Кипар на големо натпреварување.
Куличенко е родена во Москва во 2002 година и многу рано ја засакала атлетиката. На Европскиот атлетски фестивал за млади во Ѓер во 201 година го освои среброто, а потоа реши да ги брани боите на Кипар и тоа благодарение на нејзиниот татко Алексеј кој има значителен имот во оваа земја.
Брзо доби дозвола да добие пасош од Кипар и сега ќе го носи знамето на оваа земја на ЛОИ во Париз, но скандалот може да го засени нејзиниот успех.
View this post on Instagram