Ракометната федерација на Македонија ги објави премиите за првата фаза на Мундијалот што денеска почнува во Полска и Шведска.
Македонските репрезентативци ќе добијат 30 илјади евра ако остварат една победа, што би било доволно за пласман во втората фаза.
Во групата со нас се Норвешка, Холандија и Аргентина, а уште една победа на нашите ракометари би им донела награда од 45 илјади евра.
Подвиг и нанижани три триумфи, на 13 јануари против Норвешка, два дена подоцна со Холандија и на 17 јануари против Аргентина, на македонските ракометари би им донело премија од 60 илјади евра.
Шампионатот почнува денеска со премиерниот меч меѓу Франција, најтрофејната нација на Мундијалите, и Полска, која е следен од домаќините.
Овој меч ќе се игра во Катовице од 21 часот.