Убави вести: Паоло и Даниеле Малдини го победија Коронавирусот

Паоло и Даниеле Малдини закрепнаа од Коронавирусот, овие убави вест ги пренесоа италијанските медиуми. Легендата на Милан и неговиот син ги поминале последните тестирања и утврдено е дека и двајцата целосно ја надминаа болеста и повеќе немаат симптоми откако се наоѓаа во заеднички карантин на лекување.

Паоло сега може да им се врати на обврските во таборот на Росонерите, но до кога ќе биде на функцијата технички директор, останува да се види бидејќи и пред хаосот со пандемијата му се најавуваше отказ.

- Оглас -

Најнови вести