9.8 C
Skopje
среда, 12 ноември 2025

Убави вести за Ханси Флик: Рафиња и Жоан Гарсија закрепнаа од повредите

Фудбалерите на Барселона пред паузата во ноември успеаја да му се приближат на Реал Мадрид само на три бода заостанување, а по паузата Ханси Флик ќе располага со уште посилен состав.

Како што е потврдено денес, голманот Жоан Гарсија и капитенот Рафиња закрепнаа од повредите и ќе бидат подготвени веднаш по репрезентативната пауза.

И Гарсија и Рафиња ги доживеаја повредите на истиот натпревар, против Овиедо на 25 септември, што значи дека се враќаат во тимот по два месеца.

Отсуството на првиот голман и крилниот напаѓач се почувствува сериозно во тимот, па Ханси Флик сигурно ќе биде повеќе од задоволен со нивното враќање на теренот.

Сè уште надвор од тимот се Педри, кој би можело да се врати на почетокот на декември, како и Марк-Андре тер Штеген и Пабло Гави, чие враќање се очекува дури во вториот дел од сезоната.

Барселона по паузата ќе го пречека Атлетик Билбао на 22 ноември.

- Оглас -

Најнови вести