Одлични вести за Пари Сен Жермен и Луис Енрике пристигнаа од медицинскиот тим на клубот, откако стана јасно дека Дезире Дуе и Хвича Кварацхелија ќе бидат на располагање по паузата за националните тимови.
На теренот ќе можат да се вратат и играчи како Бредли Баркола, Жоао Невеш и Фабијан Руис, кои исто така имаа проблеми во последните денови и ги пропуштија натпреварите со своите национални тимови, но ќе бидат подготвени за следниот меч на ПСЖ, кој е во петок против Стразбур.
Меѓутоа, надвор од составот останува носителот на „Златната топка“, Осман Дембеле, кој ќе биде отсутен уште неколку недели.
ПСЖ е лидер во табелата со 16 поени, но тесно го следат Марсеј, Стразбур и Лион, кои се само еден бод зад шампионот на Лига 1.