Убаво звучеше како најголемиот хокеар во историјата ја изговори Македонија при ждрепката за СП (Видео)

При ждрепката за групите за фудбалското Светско првенство во 2026 година која се одржа вчера во Вашингтон, се појави и името на нашата земја, Македонија, која е потенцијален учесник на Мундијалот.

Најголемиот хокеар и најголем канадски спортист на сите времиња, Вејн Грецки, беше еден од луѓето кои влечеа, а на социјалните мрежи се шири вирално видео во кое Грецки се гледа и слуша како ги изговара имињата на поединечните национални тимови.

„Вејн Грецки наспроти имињата на националните тимови на Светското првенство. Најголемото ривалство за кое не знаевме дека постои“, се вели во видеото.

Кога дојде ред да ја прочита Македонија, Грецки не кажа „Маседонија“ како што е на англиски, туку чисто Македонија како што ние си ја викаме својата држава. Најголеми хитови беа кога Курасао го прекрсти во Курако, и Јордан кој за него е Џорден.

- Оглас -

Најнови вести