12.8 C
Skopje
понеделник, 5 јануари 2026

Убедлив триумф на Њујорк, Дурант го носеше Хјустон до победа против Милвоки

Кошаркарите на Њујорк никс остварија убедлива победа на домашен терен против Бруклин нетс со 134-98.

Веќе по првото полувреме, благодарение на извонредната прва четвртина, беше јасно во кој правец ќе оди натпреварот. Домаќините на одмор заминаа со водство од 77-62.

Кошаркарите на Њујорк одиграа феноменално и во третата четвртина, па на крајот стигнаа до триумф дури со 36 поени разлика.

Оклахома на гостински терен славеше против Мемфис со 100-114, додека Детроит со само со три поени разлика победи во Филаделфија, 108-111.

Голден стејт вориорс беа убедливи дома против Индијана и победија со 114-83, а Минесота триумфираше со високи 144-117 против Сакраменто.

Одличен натпревар се одигра во „европскиот термин“ помеѓу Милвоки бакс и Хјустон рокетс. Милвоки бакс беа поразени на домашен паркет од Хјустон рокетс со 115-122.

Јанис Адетокумбо беше најдобар во редовите на Милвоки со 36 поени, седум скока и две асистенции, но не доби соодветна поддршка од соиграчите. Ролинс додаде 19, Тарнер 13, а Кузма 11 поени.

Кај гостите блескаше Кевин Дурант со 31 поен, седум асистенции и речиси без промашување од игра.

- Оглас -

Најнови вести